Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Нашиот домашен вентилатор е произведен и готов за користење

Министерот за здравство Фахреттин Коџа Министерот Коџа истакна дека домашниот и национален вентилатор заклучно со денеска е произведен и готов за користење

1401918
Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Нашиот домашен вентилатор е произведен и готов за користење

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во говорот што го одржа на церемонијата на свечено ставање во услуга на градската болница во населбата Башакшехир во Истанбул и свеченото предавање на респираторниот апарат за интензивна нега во врска со домашниот и национален вентилатор (машина за дишење) го рече следното: „Во моментов имаме 100. Заклучно со мај планираме да бидат произведени вкупно 5.000.“

Министерот Коџа истакна дека домашниот и национален вентилатор заклучно со денеска е произведен и готов за користење.

Тој воедно информира дека градската болница Башакшехир ќе биде ставена целосно во примена на 15 мај. 

Велејќи дека откако градската болница Башакшехир во потполност ќе биде ставена во примена ќе стане болница којашто ќе располага со најголен капацитет за интензивна нега во еден кампус во Европа, министерот за здравство Фахреттин Коџа рече: „Нашиот Истанбул заедно со нашите градски болници на двата брега ќе стана водечкиот град во светот од аспект и на здравствената инфраструктура.“

Во меѓувреме, и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека до крајот на месец мај ќе бидат произведени 5.000 домашни респираторни апарати (машини за дишење).



Слични вести