Француски вирусолог нобеловец тврди дека Ковид-19 е произведен во лабораторија во Вухан

„Ковид-19 е произведен во лабораторија во Вухан. Таа лабораторија од 2000-тите години е специјализирана за коронавируси“ - констатира францускиот лекар вирусолог кој е добитник и на Нобеловата награда за медицина во 2008 година

1400470
Француски вирусолог нобеловец тврди дека Ковид-19 е произведен во лабораторија во Вухан

Францускиот лекар добитник на Нобеловата награда за медицина во 2008 година Лук Монтањие наведе дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) е произведен во лабораторија во кинескиот град Вухан.

Лук Монтањие во интервју за интернет страницата „Pourquoi docteur“ истакна дека не верува оти новиот тип коронавирус се појавил на пазар за живи диви животни во Вухан.

„Ковид-19 е произведен во лабораторија во Вухан. Таа лабораторија од 2000-тите години е специјализирана за коронавируси“ - констатира Монтањие и додаде дека лично добро го истражува ова прашање.

Во дадената изјава за француската телевизиски канал „C-News“ („Си-Њуз“) пак, францускиот лекар вирусолог Лук Монтањие го рече следното: „Овој вирус не се појави по природен пат, тоа е целосно професионална работа (дело на молекуларен биолог). Не знам со која цел е направено тоа. Мојата работа е изнесување факти, јас никого не обвинувам и не знам кој тоа го направил и зошто.“

Појаснувајќи дека  во Ковид-19 би можело да се наоѓаат синдроми на ХИВ (вирус на човечка имунодефициенција), Монтањие рече: „Можно е да сакале да пронајдат вакцина против вирусот на ХИВ (AIDS или СИДА), односно синдром на стекнат имунолошки дефицит.“

 

 



Слични вести