Турски научници ја завршија првата фаза од студиите за развој на домашна вакцина против Ковид-19

Турските научници кои работеа 24 часа наизменично започнаа со тестирање во лаборатириска средина на антигените кои што ги дизајнираа за развивање на домашна ДНК вакцина за заштита од Ковид-19, со што преминаа во втора фаза

1398111
Турски научници ја завршија првата фаза од студиите за развој на домашна вакцина против Ковид-19

Групата за истражување и развој на вакцини при Егејскиот Универзитет во Измир, започна да го тестира во лабораториска средина дизајнот на антиген што претставува прва фаза во развивање на домашна ДНК вакцина, со цел заштита од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Турските научници кои работеа 24 часа наизменично започнаа со тестирање во лаборатириска средина на антигените кои што ги дизајнираа за развивање на домашна ДНК вакцина за заштита од Ковид-19, со што преминаа во втора фаза.

Во втората фаза се планира да се утврди ефикасноста на ДНК вакцините коишто ќе бидат формирани од овие парчиња гени и во рок од 4 месеци да се тастираат кај животни.

„Ние многу сакаме да развиеме локална вакцина за ДНК. Ја завршивме првата фаза од нашите студии за антигенот. Сега планираме да ја утврдиме ефикасноста на вакцините за ДНК што ќе ги создадеме со овие гени и ќе ги тестираме кај животните во рок од четири месеци. Имаме цел за најкраток временски период со вакцината да започнеме клинички тестови.“

Откако ќе се утврди дека предизвикува силен заштитен имунолошки одговор, во најскоро време ќе се реализираат клинички тестирања кај луѓе со ДНК вакцина.



Слични вести