Ген. директор на СЗО Гебрејесус: Стапката на смртност од Ковид-19 за 10 пати поголема од грипот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус информира дека се претпоставува оти стапката на смртност од новиот тип коронавирус (Ковид-19) е за 10 пати поголема во споредба со грипот (инфлуенца)

1395546
Ген. директор на СЗО Гебрејесус: Стапката на смртност од Ковид-19 за 10 пати поголема од грипот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус им се обрати на шефовите на дипломатските мисии во седиштето на организацијата во Женева, во Швајцарија. 

Гебрејесус информира дека се претпоставува оти стапката на смртност од новиот тип коронавирус (Ковид-19) е за 10 пати поголема во споредба со грипот (инфлуенца).

Потсетувајќи дека Светската здравствена организација (СЗО) на 5 февруари го започна Планот за стратешка спремност и интервенција, а со цел да се даде поддршка на различни земји и области по прашањето на борбата против Ковид-19, Гебрејесус им се заблагодари на земјите членки на организацијата за поддршката.

Тој соопшти дека земјите членки досега ветија вкупно 800 милиони долари од кои еден дел веќе пристигна во Светската здравствена организација (СЗО).

Гебрејесус потсети дека од информирањето за првиот случај на зараза од Ковид-19 во Кина од страна на Светската здравствена организација (СЗО) досега изминаа 100 дена и истакна дека поради брзото ширење на вирусот во глобални рамки им е наметнат прекумерен товар на здравствените системи на земјите, поради што е нарушена економијата во светот.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, во својот говор направи споредба и помеѓу новиот тип коронавирус (Ковид-19) и грипот (инфлуенца), во врска со што рече: „Се претпоставува оти стапката на смртност од Ковид-19 е за 10 пати поголема во споредба со грипот (инфлуенца).“

Гебрејесус го повтори својот повик до светските лидери за „единство и солидарност“ и посака Ковид-19 да не се доведува во состојба на политички инструмент на национално и глобално ниво.



Слични вести