Турција води беспоштедна борба против Ковид-19

42 пациенти чија хоспитализација заврши во Токат, беа отпуштени со аплаузи

1393153
Турција води беспоштедна борба против Ковид-19

Излекуваните пациенти од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во различни градови на Турција, беа отпуштени од болниците каде што се наоѓаа на лекување.

19 пациенти во Чорум кај кои беше утврден Ковид-19 и ја победија болеста, по хоспитализацијата беа отпуштени.

42 пациенти чија хоспитализација заврши во Токат, исто така беа отпуштени со аплаузи.

Заврши лекувањето на 42 годишната мајка на три деца во Зиле, Елмас Доган која беше инфектирана пред одреден период и успешно ја помина хоспитализацијата во државната болница во Токат.

Жената која беше отпуштена од болницата, беше испратена со бурните аплаузи на докторите и медицинските сестри.

Од друга страна пак, во рамките на мерките за борба против Ковид-19 кои беа преземени од страна на Министерството за семејни, работни и социјални услуги започна остварувањето на „Проектот за сместување на бездомниците.“

Податоците за лицата на кои ќе им бидат пружени услугите за сместување во рамките на „Проектот за сместување на бездомниците“ ќе бидат регистрирани во базата на податоци на Информацискиот систем на службата за социјална помош при министерството.

На инструкција на министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во рамките на борбата против Ковид 19, некои офицерски домови и објекти за престој беа отворени за здравствените работници.



Слични вести