Турски научник успеа да го изолира вирусот „SARS- COV-2“ за развој на вакцина и лек против Ковид-19

Директорот на Институтот за биотехнологија на Анкарскиот универзитет проф. д-р Ајкут Озкул успеал да го изолира вирусот „SARS- COV-2“ што претставува прв чекот за производство на серум, вакцина и лек против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1391894
Турски научник успеа да го изолира вирусот „SARS- COV-2“ за развој на вакцина и лек против Ковид-19

Соопштено е дека директорот на Институтот за биотехнологија на Анкарскиот универзитет проф. д-р Ајкут Озкул успеал да го изолира вирусот „SARS- COV-2“ што претставува прв чекот за производство на серум, вакцина и лек против  новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во објавеното соопштение на профилот на Анкарскиот универзитет на социјалната мрежа Твитер се дадени информации во врска со истражувањето на проф. д-р Ајкут Озкул.

Во соопштението се истакнува следното „Директорот на Институтот за биотехнологија на нашиот универзитет проф. д-р Ајкут Озкул, успеа да го изолира вирусот „SARS- COV-2“ што претставува прв чекот за производство на серум, вакцина и лек против  новиот тип коронавирус (Ковид-19).“

Ректорот на Анкарскиот универзитет проф. д-р Еркан Ибиш исто така на својот профил на Твитер напиша: „Им честитам на моите колеги и верувам дека ќе пристигне и повеќе од тоа.“

Како што се дознава, истражувањето на Анкарскиот универзитет се спроведува во Институтот за биотехнологија и лабораториите за вирологија на Ветеринарниот факултет.



Слични вести