Турција на прво место во светот по бројот на кревети за интензивна нега

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека бројот на креветите за интензивна нега коишто се паѓаат на 100 илјади лица во Турција изнесува 40 и се наоѓа на прво место во светот

1389462
Турција на прво место во светот по бројот на кревети за интензивна нега

Турција привлекува внимание како земја која располага со најголем капацитет на кревети за интензивна нега во светот.

Капацитетот на кревети за интензивна нега на земјите зазема значајно место во борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која стана причина за заразување на над 900 илјади лица и за смртта на повеќе од 45 илјади лица во светот. 

Според статистичките податоци коишто заземаат место во Статиста кадешто податоците собрани од страна на институтите за истражување на пазарот во Германија и добиени од економскиот сектор се објавуваат на англиски, француски, германски и шпански јазик, Турција се наоѓа на чело на оваа листа.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека за борба против коронавирусот Турција располага со капацитет за интензивна нега на 25.466 возрасни од кои 13.211 за напреден степен, со коишто ќе се обезбедува заедничка услуга од страна на јавниот и приватниот сектор.

Министерот Коџа воедно истакна дека бројот на креветите за интензивна нега коишто се паѓаат на 100 илјади лица во Турција изнесува 40.

Така бројот на креветите за интензивна нега коишто се паѓаат на 100 илјади лица во некои земји е вака:

Турција - 40 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

САД - 34,7 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

Германија - 29,2 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

Италија - 12,5 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

Франција - 11,6 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

Јужна Кореја - 10,6 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

Шпанија - 9,7 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

Јапонија - 7,3 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

Велика Британија - 6,6 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица

Кина - 3,6 кревети за интензивна нега за 100 илјади лица



Слични вести