Во Турција се формира Институт за енергетски, нуклеарни и рударски истражувања (ТЕНМАК)

Инситутот ТЕНМАК се формираше во својство на правно лице под покровителство на Министерството за енергетика и природни ресурси со посебен буџет

1386678
Во Турција се формира Институт за енергетски, нуклеарни и рударски истражувања (ТЕНМАК)

Со цел да се вршат истражувања во сферата на енергетиката, рударството, јонизирачкото зрачење, забрзувачи на честички (акцлератори) и нуклеарно технолошки истражувања во Турција се формира Институт за енергетски, нуклеарни и рударски истражувања на Турција (ТЕНМАК).

Инситутот ТЕНМАК се формираше во својство на правно лице под покровителство на Министерството за енергетика и природни ресурси со посебен буџет, а со цел да ја зајакне и продолжи континуираноста на конкуретноста, да ги задоволи потребите од иновации на Турција, да обезбеди поволни услови за производство на нови производи и развој на постоечките, да обезбеди поволна научна средина за ситражувањата, да се води соработка и научни истражувања со јавните и приватни лица, да се координираат, поттикнуваат истражувањата, да се даде придонес во натамошниот развој на истражувањата, да се врашт научни, технички и управи активности, да се регулираат и поддршка сите соработки и координации во сферата на научните истражувања.

Седиштето на ТЕНМАК ќе се наоѓа во Анкара и ќе се состои од услужни единици кои директно ќе бидат поврзани за централната организација.

Со формирањето на ТЕНМАК, како непотребни се затворија досегашните установи и институти како што се Агенцијата за атомска енергија на Турција, Институтот за борови истражувања на Турција и Институтот за истражување на реткоземните елементи.  Референците кои се упатуваат во прописите на затворените установи и институти ќе се семтаат дека се однесуваат на ТЕНМАК.



Слични вести