Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува околу 22 илјади

Бројот на заразените пациенти во светот изнесува над 500 илјади пациенти

1385954
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува околу 22 илјади

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува околу 22 илјади, а на заразените над 500 илјади пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Италија се зголеми за 712 и достигна 8 215, додека бројот на заразените пациенти инесува над  62 илјади. Претседателот на регионалната управа на Ломбардија на северот на Италија каде што беа забележани најголем број на смртни случаи Атилио Фонтана рече. „Европа не само што ја занемари епидемијата во Италија, туку истовремено ја омаловажи истата“.

Бројот на смртните случаи во Шпанија се зголеми на 4089, додека на заразените на 56 188 пациенти. Вонредната состојба во оваа земја која беше прогласена до 29 март, ќе продолжи до 11 април.

Бројот на смртните случаи во Франција од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 365 лица и достигна 1 696. Во меѓувреме полициските синдикати остро реагираа на недоволноста од маските за време на контролата на ограниченото движење на граѓаните, освен во неопходни случаи.

Бројот на смртните случаи во Холандија се зголеми на 434, додека на заразените пациенти на 7 431. Властите истакнаа дека поради неможноста од тестирање на сите пациенти кои покажуваат симптоми на Ковид-19 потенцираа дека вистинската бројка е многу повисока.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот во последните 24 часа во Британија се зголеми за уште 113 и достигна 578, додека бројот на заразените се зголеми за уште 2 219 и изнесува 11 658 пациенти. Министерството за внатрешни работи на Британија соопшти дека во рамките на борбата против коронавирусот на полицајците им биле дадени нови овластувања. Според тоа, полицајците - лицата кои ќе излезат од дома освен во неопходни случаи ќе можат да ги приведат или да им пресечат парична акзна.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот во САД изнесува 1 177, додека на заразените пациенти 82 180. Гледано од аспект на заразените пациенти, САД ги помина Кина и Италија и се најде на првото место. Бројот на пациентите во Њујорк за само еден ден се зголеми за 40 отсто и изнесуваше 5 327. Меѓу информациите кои пристигнуваат беше забележано дека расте бројот на заразените во американската морнарица.



Слични вести