Турција и испрати на Колумбија комплети за дијагноза на Ковид-19

Националниот институт за следење на храна и лекови (INVIMA) на Колумбија соопшти дека за побрзо дијагностицирање на заразените од Ковид-1 се добиени новите 26 илјади комплети за тестирање коишто беа испратени од страна на Турција

1383858
Турција и испрати на Колумбија комплети за дијагноза на Ковид-19

Колумбија соопшти дека се добиени нови 26 илјади комплети за дијагноза на новиот тип коронавирус (Ковид-19) коишто се испратени од страна на Турција.

Во објавеното соопштение од Националниот институт за следење на храна и лекови (INVIMA) на Колумбија се истакнува дека за побрзо дијагностицирање на заразените од Ковид-1 во недела пристигнаа во земјата новите 26 илјади комплети за тестирање коишто беа испратени од страна на Турција.

Директорот на INVIMA Хулио Цезар Алдана и се заблагодари на турската влада за поддршката и го рече следното: „Благодарение на Владата на Турција, претседателот Иван Дуке и наши бројни институции ќе можеме на побрз начин да го дијагностицираме вирусот Ковид-19.“ 

Во Колумбија која брои приближно 50 милиони жители досега се утврдени 235 случаи на зараза на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а од смртоносниот вирус животот го загубија 3 лица.



Слични вести