Проф. д-р Мехмет Џејхан: Новиот тип коронавирус Ковид-19 може да заврши на 3 начини

проф. д-р Мехмет Џејхан истакна дека Ковид-19 кој може да се пренесува од човек на човек во периодот на инкубација, кога не покажува никакви симптоми кај заболените може да заврши на 3 начини, односно во 3 ситуации

1383553
Проф. д-р Мехмет Џејхан: Новиот тип коронавирус Ковид-19 може да заврши на 3 начини

Според проценките на научници, новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој станува причина за смртта на илјадници луѓе низ светот може да заврши на 3 начини.

Шефот на научната гранка за Педијатриски инфективни заболувања на Медицинскиот факултет на Универзитетот Хаџеттепе во Анкара проф. д-р Мехмет Џејхан истакна дека Ковид-19 може да се пренесува од човек на човек во периодот на инкубација, кога не покажува никакви симптоми кај заболените.

Проф. д-р Мехмет Џејхан рече: „Периодот на инкубација на болеста се менува од 2 до 14 дена. Овој вирус се пренесува по капков пат како и грипот, менингитисот, пневмонијата, варичелата (овчи сипаници) и малите сипаници. Кај САРС и МЕРС, болета се пренесуваше по започнување на симптомите, меѓутоа кај Ковид-19 болеста се пренесува во периодот на инкубација. Затоа од животно значење е да се биде претпазлив и внимателен во однос на социјалната изолација и хигиената.“ 

Укажувајќи на тоа дека Ковид-19 е многу попренослива т.е. позаразна во споредба со САРС и МЕРС, Џејхан привлече внимание дека пандемијата (глобалната епидемија) може да заврши на 3 начини, односно во 3 ситуации.

„Или значаен дел од луѓето ќе станат имуни и вирусот повеќе нема да се шири или пак ќе се пронајде вакцина и луѓето по пат на вакцина ќе бидат доведени во имуна состојба. Како трето, вирусот ќе мутира и ќе ја изгуби својата способност за пренесување од човек на човек. Пандемијата ќе заврши само со еден од овие три начини. На пример, кај САРС веројатно вирусот мутираше и на тој начин заврши.“ - констатира шефот на научната гранка за Педијатриски инфективни заболувања на Медицинскиот факултет на Универзитетот Хаџеттепе во Анкара проф. д-р Мехмет Џејхан.



Слични вести