Новиот тип коорнавирус може да преживее 3 часа во водух, а на површини дури и со денови

Според едно спроведено истражување во (САД), вирусот Ковид-19 може да преживее 3 часа во воздух, на површини како што се пластика и челик може да опстане од 2 до 3 дена, на картон до 24 часа, а на бакарни површини само до 4 час

1382048
Новиот тип коорнавирус може да преживее 3 часа во водух, а на површини дури и со денови

Според едно спроведено истражување во Соединетите Американски Држави (САД), новиот тип коронавирус (Ковид-19) може да преживее 3 часа во воздух, а на површини со денови.

Во истражувањето спроведено од страна на истражувачи од Институтите за национално здравје (NIH), Центрите за контрола и спречување на болести (CDC), Универзитетот Принсетон и од UCLA, кое што потоа е објавено во медицинското списание „The New England“, е установено дека вирусот Ковид-19 после кашлање или кивање може да остане во воздух во вид на капкички во текот на 3 часа.

Како што се наведува, истражувањето покажува дека вирусот Ковид-19 на површини како што се пластика и челик може да опстане од 2 до 3 дена,на картон до 24 часа, а на бакарни површини само до 4 часа. 

„Резултатите што ги добивме укажуваат дека вирусот се пренесува преку воздух и преку предметите што ги користиме и дека може да остане жив во честички во воздухот до неколку часа, додека на површините на предметите може да живее и до неколку дена“- велат истражувачите.

Научниците тоа колку вирусот останува заразна на површини дома или во болници го установиле со користење на уред којшто имитира заразен пациент во вид на негово кашлање, кивање или допирање на предметите.

Научниците ја споделија и информацијата дека вирусот Ковид-19 со текот на времето нагло ја губи својата способност за заразување (инфектирање), според времето на негово опстанување т.е. преживување во воздух или на површини.



Слични вести