Во Кина одобрени клиничките тестирања на вакцината против Ковид-19

Вакцината развиена од страна на една истражувачка екипа од Воената медицинска академија против новиот тип коронавирус поминала низ контролите за безбедност, ефикасност и квалитет, а започнале и прелиминарните подготовки за нејзино масовно производство

1379914
Во Кина одобрени клиничките тестирања на вакцината против Ковид-19

Во Кина е издадено одобрение за започнување со клинички тестирања на вакцината којашто е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според веста на кинеската државна телевизија „CCTV“, вакцината развиена од страна на една истражувачка екипа од Воената медицинска академија против новиот тип коронавирус (Ковид-19) поминала низ контролите за безбедност, ефикасност и квалитет, а освен тоа започнале и прелиминарните подготовки за нејзино масовно производство.

Како што се истакнува, вакцината подготвена од страна на истражувачката екипа под водство на инженерот по биологија од Воената медицинска академија на Кина генерал мајор Чен Веи, е подгрупа вакцина и ги содржи само антигенските делови на коронавирусот кои не предизвикуваат болест.

Подгрупа вакцините на изглед се побезбедни и стабилни во споредба со вакцините кои ја содржат ослабената верзија на патогенот којшто предизвикува болест, меѓутоа обезбедуваат послаба заштита од вакцините коишто содржат патоген.

По одобрението се очекува во кусо време да се започне со клинички тестирања на вакцината.



Слични вести