Извршен првиот тест на вакцината против коронавирусот врз човекот

Првото тестирање на вакцината беа остварено во Институтот за истражување Каиzер Перманенте Вашингтон во Сиетл

1379682
Извршен првиот тест на вакцината против коронавирусот врз човекот

Извршен првиот тест на вакцината против коронавирусот (Ковид-19) врз човекот.

Во соопштението кое беше објавено од страна на американскиот Национален институт за аллергии и заразни болести (НИАИД) беше истакнато дека вакцината која беше развиена против коронавирусот првпат беше тестирана врз 43 годишната Џенифер Халер која доброволно учествуваше во тестот.

Првото тестирање на вакцината беа остварено во Институтот за истражување Каиzер Перманенте Вашингтон во Сиетл.

Според соопштението кое беше обајвено од страна на Националните здравствени институти (НИХ):

„Отворени клинички истражувања во текот на претстојните 6 недели ќе содржат учество на 45 доброволци на годишна возраст од 18 до 55 години. Првиот доброволен учесник ја прими тест дозата на вакцината“.

За утврдување на влијанието и безбедноста на вакцината, доброволците ќе поминат низ низа различни етапи.

Американските власти истакнаа дека во случај се помине како треба, вакцината ќе биде готова за една до една и пол година.

Вакцната беше развиена од страна на научниците на Националните здравствени институти и една модерна биотехнолошка компанија. Коалицијата за подготвеност за епидемија и иновации (ЦЕПИ)  обезбеди фонд за спроведување на тестот.



Слични вести