Запад во карантин поради Ковид-19

По смртта на 1016 лица во Италија, премиерот Џузепе Конти рече дека почнувајќи од вчера се суспендирани сите трговски активности, освен јавните услуги

1377380
Запад во карантин поради Ковид-19

По појавата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во декември во кинескиот град Вухан, скоро сите земји во светот и особено Европа се насочуваат кон карантин.

По смртта на 1016 лица во Италија, премиерот Џузепе Конти рече дека почнувајќи од вчера се суспендирани сите трговски активности, освен јавните услуги.

Во Шпанија каде што бројот на заразени изнесува над 3 илјади, а смртните случаи 16, тестот на еден министер беше позитивен.

По откривањето на коронавируот кај министерката за еднаквост Ирена Монтеро, по тест анализите што беа извршени кај сите членови на кабинетот и резултатите од тестот на министерката за јавна администрација и регионални политики Каролина Даирас излегоа позитивни.

Во Франција, како последица на новиот тип на коронавирусот бројот на смртните случаи се зголеми на 61, а на заразените на 2 876 лица. Според најавите, од понеделник се предвидува да се затвират училиштата во земјата.

Белгија и Португалија се земјите кои до почетокот на април исто така прогласија распуст.

Бројот на смртните случаи во Британија се зголеми на 10, а на заразените на 590.



Слични вести