Заврши 4. Национална научна експедиција на турската екипа на Антарктикот

Турските научници кои учествуваа во 4. Национална научна експедиција на Антарктикот по едномесечната работа се вратија во земјата

1374520
Заврши 4. Национална научна експедиција на турската екипа на Антарктикот

Заврши 4. Национална научна експедиција на турската екипа на Антарктикот.

Турските научници кои учествуваа во 4. Национална научна експедиција на Антарктикот по едномесечната работа се вратија во земјата.

Инаку, 4. Национална научна експедиција на турската екипа на Антарктикот е реализирана под покровителство на претседателството, од страна на Министерството за индустрија и технологија и во координација на Институтот за поларни истражувања (КАРЕ) при Центарот за истражување Мармара (МАМ) во склопот на Институцијата за научно-технолошки истражувања (ТУБИТАК).

23-члената екипа која на белиот континент реализира 15 проекти, својата научна експедиција ја заврши за 30 дена.

Водачот на 4. Национална научна експедиција на Антарктикот проф. д-р Ерсан Башар истакна дека на островот Хорсшу каде што беше стациониран за привремено Турскиот научен камп се реализираа научни истражувања во текот на приближно еден месец и во тие рамки беа успешно реализирани 15 проекти.

Башар додаде дека поради тоа што температурите оваа година на Антарктикот и на половите се високи, експедицијата е завршена порано.



Слични вести