Карго шатлот на „Спејс икс“ слета на МВС

Ова е 20-та успешна експедиција за снабдување на шатлот „Драгон“ на компанијата „Спејс икс“ за НАСА

1374948
Карго шатлот на „Спејс икс“ слета на МВС

Карго шатлот на американската компанија за производство на ракети, сателити и вселенски летала (шатл) Спејс икс слета на Меѓуанродната вселенска станица (МВС).

Астронаутите на Американската агенција за аеронаутички и вселенски истражувања )НАСА) Ендрју Морган и Џесика Меир, шатлот „Драгон“ кој пренесуваше 2 тони материјали за тестови и намирници го фатија со роботските раце на станицата.

Карго шатлот за членовите на посадата на МВС освен јадењето како што се грејпфурт сокови и домати меѓудругото носеше и кондиторски производи.

Карго шатлот „Драгон“ пред да се врати на Земјата заедно со примероците, на МВС ќе остане околу месец.

Ова е 20-та успешна експедиција за снабдување на шатлот „Драгон“ на компанијата „Спејс икс“ за НАСА.



Слични вести