Случаи на коронавирусот на Запад

Во Република Северна Македонија забележан првиот случај на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19)

1367219
Случаи на коронавирусот на Запад

Во Република Северна Македонија забележан првиот случај на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Министерот за здравство на Македонија Венко Филипче рече дека кај жената родена 1970 година, која беше префрлена во инфективната клиника беше утврден нов тип на коронавирусот потенцирајќи дека тоа е прв случај на зараза од вирусот во Скопје.

Министерот Филипче рече дека нема потреба од паника и дека наведеното лице е земено под карантин.

Жената кај која беше утврден вирусот, претходно еден месец престојувала во Италија.

И во Данска и Естонија беа утврдени првите случаи на коронавирус.

Еден пациент во Данска, по зимскиот одмор што го провел во Италија на скијање, откако се вратил во земјата, му се влошила здравствената состојба.

Со утврдувањето на коронавирусот и кај уште едно лице во Франција, бројот на заразените в оваа земја се зголеми на 18,

Здравствената состојба на 11 лица од заразените во Франција се подобри, додека 2 лица умреа.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Установата за јавно здравство на Шведска, кај една 30 годишна жена која се врати од одморот од Италија бил утврден новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), така што вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 2.

И кај една жена во Хелсинки која се врати од одморот во Италија беше утврден новиот тип на коронавирусот, така што бројот на заразени во Финска се зголеми на 2.

Вкупниот број на заразени во Италија каде што досега умреа 12 лица  достигна 400.

Американскиот Стејт дешартмент ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни за време на патувањето за Италија каде што се забележани случаи за зараза од новиот тип на коронавирусот (Ковид 19).

Во соопштението на Стејт департментот се истакнува дека Италија се наоѓа на списокот на земјите за кои што треба да се преземат мерки при патувањето.



Слични вести