10 илјади јуани награда во Кина за лицата кои самите ќе се пријават
На лицата коишто ќе аплицираат а не се пренесувачи на вирусот ќе им се додели награда од 1илјада јуани, додека на сомнителните случаи 2 илјади јуани

На заразените во Кина кои самите ќе се пријават дека имаат симптоми на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и резултатите од тестовите им бидат позитивни ќе им се дадат по 10 илјади јуани.
Здравствените власти со цел да ја земат под контрола епидемијата од коронавирусот во градот Кианџианг во провинцијата Хубеј во Кина почнаа да применуваат еден нов метод.
Властите кои сакаа да ги поттикнат граѓаните за да ги известат за симптомите, соопштија дека на сите оние кои што самите ќе се пријават ќе им доделат награда од по 10 илјади јуани (околу 1500 долари).
Наградата од 10 илјади јуани ќе им се додели на граѓаните кај кои резултатите од тестот ќе бидат позитивни.
На лицата коишто ќе аплицираат а не се пренесувачи на вирусот ќе им се додели награда од 1илјада јуани, додека на сомнителните случаи 2 илјади јуани.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 88.723.000