Турската научна екипа ги започна своите истражувања на Антарктикот

Министерот за индустрија и трговија Мустафа Варанк соопшти дека експертите на Генералната дирекција за картографија кои учествуваат во 24 члената научна екипа ја поставија на Антарктикот првата GNSS станица

Турската научна екипа ги започна своите истражувања на Антарктикот

Турската научна екипа која замина во научна експедиција на Антарктикот ги започна своите истражувања на белиот континент.

Министерот за индустрија и трговија Мустафа Варанк соопшти дека експертите на Генералната дирекција за картографија кои учествуваат во 24 члената научна екипа ја поставија на Антарктикот првата GNSS станица (Global Navigation Satellite Systems / Глобални сателитски системи за навигација) надвор од границите на Турција.

Со помош на оваа GNSS станица ќе може да се следaт во секој момент земјишните (релјефните) облици и промените на ледниците на Антарктикот.

Станицата е поставена на оддалеченост од 73 километри од островот Хорсшу каде што е привремено стациониран Турскиот научен камп. 

Водачот на научната експедиција проф. д-р Ерсан Башар истакна дека успешно е реализираниот првиот од 15-те планирани проекти и го рече следното: „Нашата експедиција досега напредува успешно без да се доживеат било какви проблеми. Членовите на нашата екипа успешно ја поставија GNSS станицата која почна да функционира и да собира податоци.“

 



Слични вести