Билансот на смртните случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 2005 лица

Светската здравствена организација работи на тоа како треба да се интервенира во случај на еден ваков настан

1362400
Билансот на смртните случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 2005 лица

Бројот на смртните случаи од епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Covid-19) во Кина се зголеми на 2005 лица, од кои едно лице умре во Специјалниот административен регион Хонг Конг едно лице.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Националната здравствена комисија на Кина беше истакнато дека бројот на инфицираните од вирусот се зголеми на 74 185 од кои здравствената состојба на 11 977 пациенти е многу сериозна.

Кинеската државна телевизија соопшти дека главниот лекар на болницата ВуханЛиу Зиминг умрел поради симптомите на вирусот.

На почетокот на овој месец поради вирусот умре доктор Ли Венлианг кој на целиот свет му ја објави информацијата за коронавирусот, додека во четвртокот умре и поранешниот директор на една болница.

Од друга страна пак, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека е воспоставена сериозна контрола над епидемијата од коронавирусот, а дека се стравува од евентуално ширење на вирусот во африканските земји каде што здравствениот систем сеуште не е доволно развиен.

„Ризикот е многу голем и светот треба да биде спремен на тоа. Светската здравствена организација работи на тоа како треба да се интервенира во случај на еден ваков настан“ рече Гутереш.



Слични вести