Турција испрати помош на Кина во заштитни материјали за здравствениот персонал

Турција испрати помош на Кина во заштитни материјали од новиот тип коронавирус (Ковид-19) наменети за здравствениот персонал во оваа земја

1361986
Турција испрати помош на Кина во заштитни материјали за здравствениот персонал

Турција и испрати помош во заштитни материјали наменети за здравствениот персонал на Кина која продолжува да води борба против епидемијата од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Од страна на турското министерство за здравство на функционерите на Амбасадата на Народна Република Кина во Анкара поради епидемијата Ковид-19 којашто почна да се шири од градот Вухан им се предадени 2 илјади маски со филтер и 2 илјади броја заштитни облека за употреба на здравствениот персонал. 

Мехмет Али Киличкаја,  генералниот директор за Меѓународни здравствени услуги А.Д. како поврзана организација со Министерството за здравство на Турција, материјалите за помош му ги достави на потсекретарот на Амбасадата на Кина во Анкара Ченг Веихуа.

Надлежните на Амбасадата, во име на кинескиот народ му се заблагодарија на Министерството за здравство на Турција за доставената помош. 



Слични вести