На 8 годишна возраст умре од старост

Причината за смртта на детето беше откажување на повеќе органи

1360870
На 8 годишна возраст умре од старост

Сличната приказна на филмот за Бенџамин Бутон кој животот го започна како возрасен, беше доживеана во реалниот живот.

8 годишната Ана Сакидон во Украина умре поради старост.

Девојчето кое боледуваше од ретката генетска болест која е забележана само кај 160 лица, покрај тоа што имаше само 8 години, телото и беше старо како на 80 годишна жена.

Причината за смртта на детето беше откажување на повеќе органи.

Доктор Надежда Катаман рече дека детето пред да умре, неколкупати доживеа парализи.

Додека внатрешните органи на Ана чија дијагноза беше прогериа, стареа многу брзо, коските се развиваа многу бавно.



Слични вести