Бројот на смртните случаи во Кина од коронаворусот се зголеми на 1771

Како последица на вирусот Ковид-19 во последните 24 часа умреа 105 лица, додека беа утврдени нови 2048 случаи на заразување

1360586
Бројот на смртните случаи во Кина од коронаворусот се зголеми на 1771

Бројот на смртните случаи во Кина од коронаворусот (Ковид-19) се зголеми на 1771 лице.

Во соопштението кое беше објавено од страна на кинеската Национална здравствена комисија беше истакнато дека бројот на заразените од епидемијата на коронаворусот (Ковид-19) се зголеми на 70 548 од кои здравствената состојба на 10 644 пациенти е сериозна. Бројот на смртните случаи се зголеми на 1771 од кои едно лице умре во Хонг Конг.

Како последица на вирусот Ковид-19 во последните 24 часа умреа 105 лица, додека беа утврдени нови 2048 случаи на заразување.

Новиот тип на коронавирусот кој се појави на 12 декември 2019 во градот Вухан во кинеската провинција Хубеј, за кратко време се прошири во другите градови и земји поради што Светската здравствена организација (СЗО) прогласи итна состојба.



Слични вести