Вештачката интелигенција го произведе првиот лек

Вообичаеното производство т.ј. развој на еден лек просечно трае околу 5 години, меѓутоа вештачката интелигенција овој процес на производство го намали на време покусо и од 1 година

Вештачката интелигенција го произведе првиот лек

Вештечката интелигенција (АИ) го произведе првиот лек.

Лекот е произведен со заедничка работа на две фармацевтски компании, една Британска и една Јапонска.

Вообичаеното производство т.ј. развој на еден лек просечно трае околу 5 години, меѓутоа вештачката интелигенција овој процес на производство го намали на време покусо и од 1 година.

Лекот произведен т.ј. наменет за пациенти со опсесивно-компулсивно нарушување ќе биде тестиран на луѓе.

Како што се истакнува, за да се пронајде вистинскиот молекул треба да се донесат безброј одлуки во фазата на производство на лекот и сето тоа е направено брзо и правилно од страна на вештачката интелигенција.

Научниците го подвлекуваат тоа дека овој труд ќе претставува  пресвртница и постигнат голем развој во употребата на вештачката интелигенција во фармацевтската индустрија.



Слични вести