Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 1368 лица

Вво Вухан од различни воени единици беа испратени 2600 војници на Народноослободителната војска на Кина

Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 1368 лица

По смртта на уште 242 лица во последните 24 часа во кинеската провинција Хубеј од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), вкупниот број на смртни случаи од вирусот се зголеми на 1 368 лица.

Националната здравствена комисија не објави никакво соопштение во врска со последните случувања во врска со епидемијата, додека според податоците на Платформата за активно следење на случувањата во врска со новиот тип на коронавирусот во земјата, вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот изнесува 1 368, додека на заразени се зголеми на 59 883 пациенти.

Од друга страна пак, на местото на досегашниот секретар на Комунистичката партија на Кина Џианг Чаолианг поради слабото управување во провинцијата од појавата на епидемијата до денес, беше именуван поранешниот градоначалник на Шангај, Јинг Јонг.

Меѓудругото во Вухан од различни воени единици беа испратени 2600 војници на Народноослободителната војска на Кина.

На тој начин, поддршката на воен персонал на Вухан од појавата на вирусот до денес се зголеми на 4000 илјади војници.

По појавата на новиот тип на коронавирусот на 12 декември 2019 година во градот Вухан и ширењето на епидемијата во другите градови и земјата, Светската здравствена организација прогласи итна состојба.



Слични вести