Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 425 лица

Бројот на заразените од коронавирусот во Кина изнесува 20 438

1352779
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 425 лица

Бројот на смртни случаи од коронавирусот (2019-nCoV) во Кина се зголеми на 425 лица, додека на заразените на 20 438.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Националната комисија за здравство (НХЦ) беше истакнато дека бројот на смртните случаи од коронавирусот 2019-nCoV во земјата изнесува 425, додека здравствената состојба на 2 788 пациенти е многу сериозна. Бројот на заразени од вирусот се зголеми на 20 438 лица. Бројот на пациентите кои беа отпуштени изнесува 628.

Бројот на пациентите кои беа утврдени вон копното на Кина, во Специјалниот административен регион Хонг Конг се зголеми на 15, а во Специјалниот административен регион Makao na 8 lica.

Националната комисија за здравство (НХЦ) соопшти дека како последица на коронавирусот во земјата, во последните 24 часа беа забележани 64 смртни случаи, додека бројот на новите заболени пациенти изнесува 3 235.

Новиот тип на коронавирусот првпат беше утврден на 12 декември во градот Вухан во покраината Хубеј.



Слични вести