Генералниот конзул на Кина во Истанбул: Бројот на починатите од коронавирусот се искачи на 362 лица

Кинескиот генерален конзул во Истанбул Чуи Веи во еден хотел во Истанбул се состана со претставниците на печатот и истакна дека бројот на починатите од коронавирусот (во Кина) се зголеми на 362 лица

1352382
Генералниот конзул на Кина во Истанбул: Бројот на починатите од коронавирусот се искачи на 362 лица

Генералниот конзул на Народна Република Кина во Истанбул Чуи Веи го соопшти билансот на починатите од новиот тип коронавирус и истакна дека бројот на жртвите се зголеми на 362 лица.

Кинескиот генерален конзул во Истанбул Чуи Веи во еден хотел во Истанбул се состана со претставниците на печатот.

Овде Веи ги сподели последните добиени информации за бројот на починатите поради епидемијата на новиот тип коронавирус којшто се појави во градот Вухан и брзо почна да се проширува низ цела Кина и во светот.

„Бројот на починатите од коронавирусот (во Кина) достигна до 362 лица. Кај 17.335 лица постои сомневање од коронавирус. Бројот на отпуштените лица од болниците (излечените лица) пак, изнесува 21.558.“ - рече генералниот конзул на Народна Република Кина во Истанбул Чуи Веи.

 



Слични вести