Министерот Фахреттин Коџа: Досега се скенирани 11 илјади патници, нема утврден сомнителен случај на нов тип коронавирус

Министерот за здравство Фахреттин Коџа го рече следното: „Патниците кои доаѓаат од Кина на слегување од авионот ги скенираме со термални камери. Досега се скенирани 11 илјади патници, не е утврден сомнителен патник.“

1350831
Министерот Фахреттин Коџа: Досега се скенирани 11 илјади патници, нема утврден сомнителен случај на нов тип коронавирус

Министерството за здравство соопшти дека се одржа состанок на Научниот комитет за коронавирус под претседателство на министерот за здравство Фахреттин Коџа.

Министерот Коџа по состанокот одржа прес конференција на која говореше за мерките што ги презема министерството во врска со новиот тип коронавирус.

Тој истакна дека засега не се откриени случаи на коронавирус во Турција и го рече следното: „Патниците кои доаѓаат од Кина на слегување од авионот ги скенираме со термални камери. Досега се скенирани 11 илјади патници, не е утврден сомнителен патник.“

Фахреттин Коџа истакна дека заклучно со 31 јанаури 09:30 часот во светот се утврдени 9.810 случаи на зараза од коронавирус во 23 земји и дека 99 отсто од овие случаи се утврдени во Кина.

Коџа информира дека во Турција нема ниту еден потврден случај на заболено лице од нов тип коронавирус.

Напомена дека до денеска во различни градови се земени примероци од 68 лица кај кои постоело сомневање за коронавирус, но дека притоа не е утврден било каков вирус.  

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека од две случаи кои се наоѓале под лекарски надзор во градот Адана е добиен негативен резултат, односно не е утврден коронавирус.

Коџа воедно информира и за турскиот воен карго авион кој полета за Кина за да ги донесе во земјата турските граѓани кои живеат во градот Вухан, епицентарот на новиот тип коронавирус и оттука се прошири во цела Кина и во голем број делови ширум светот. 

„Во Вухан 34 наши турски граѓани, 7 азербејџански, 7 грузиски и еден албански граѓанин, по извршени детални здравствени прегледи ќе бидат качени во авионот“, рече министерот за здравство Фахреттин Коџа и го подвлече следното: „Нема патнички бродови коишто доаѓаат од кинеските пристаништа во Турција. Може да доаѓаат товарни бродови. Сите бродови се подложени на детални контроли.“



Слични вести