Новиот тип на корона вирусот се шири низ светот

Новиот тип на вирусот корона кој се појави во кинескиот град Вухан, беше забележан во Сингапур, Виетнам и Саудиска Арабија

1346439
Новиот тип на корона вирусот се шири низ светот

Новиот тип на вирусот корона кој се појави во кинескиот град Вухан, беше забележан во Сингапур, Виетнам и Саудиска Арабија.

Министерството за здравство на Сингапур соопшти дека кај еден 66 годишен Кинез кој со семејството на 20 јануари од Вухан каде што живеел допатувал во Сингапур бил утврден нов тип на вирусот корона.

Кинескиот пациент кој што по пат почнало да го боли грлото, а следниот ден му се зголемила температурата и почнал да кашла, бил пренесен во карантин, соопшти министерството.

Според денешните резултатите од тестовите, кај пациентот бил забележан нов тип на вирусот корона.

Активно се следат блиските контакти на кинескиот пациент како и лицата со кои седел во авионот, додека 37 годишниот син се држи под контрола како „сомнителен случај“.

Министерството за здравство на Виетнам соопшти дека кај Кинезот и син му кои вчера беа пренесени во болница на лекување поради висока температура, беше утврдено дека се носители на нов тип на вирусот корона.

66 годишниот Кинез Ли Дунг кој живее во кинескиот град Вухан заедно со 28 годишниот син Ли Зичао на 13 јануари допатувале во посета на Ханој, од каде што преминале за Хо Ши Мин.

На 17 јануари најпрвин се разболел таткото, а само три дена подоцна истите симптоми биле забележани и кај син му.

Заменик министерот за надворешни работи и парламентарни односи на Индија Веламвели Мураледаран рече дека кај една индиска медицинска сестра која работи во Саудиска Арабија бил забележан нов тип на вирусот корона.

Веламвели Мураледаран рече дека медицинската сестра која беше заразена од вирусот се лекува во Националната болница Асир во саудискиот град Абха и дека е забележано подобрување на здравствената состојба.

571 лице во Кина се заразени од новиот тип на вирусот корона (2019-nCoV) кој има слични симптоми како акутниот респираторен синдром, од кои 25 лица ги загубија животите.



Слични вести