Јавниот превоз во кинескиот град Вухан ќе биде суспендиран поради епидемијата

Властите потсетија дека како последица на вирусот, бројот на лицата кои умреа се зголеми на 17, поради што граѓаните ги повикаа да се држат далеку од гужви и масовни собири и состаноци

1345813
Јавниот превоз во кинескиот град Вухан ќе биде суспендиран поради епидемијата

Бројот на заразените од новиот тип на корона вирусот во Вухан кој личи на тешкиот акутен респираторен синдром се зголеми на 571 лице.

Како последица на новиот тип на корона вирусот во градот Вухан, ќе се затворат аеродромот и железничката станица, а исто така ќе се суспендира и јавниот превоз на градот.

Властите ги предупредија граѓаните на Вухан кој брои 9 милиони да не го напуштат градот и најавија дека ќе бидат затворени аеродромот и железничката станица на градот.

Властите соопштија дека од 10.00 часот според локално време на 23 јануари автобусите, метрото, траектите и јавниот превоз на долги дестинации се прекинати.

Властите потсетија дека како последица на вирусот, бројот на лицата кои умреа се зголеми на 17, поради што граѓаните ги повикаа да се држат далеку од гужви и масовни собири и состаноци.

Расте загриженоста на граѓаните од вирусот „nCoV“ да не прерасне во епидемија. Досега нема вакцина или лек за овој вирус.

Од денот кога се појави, новиот коронавирус се спомнува и под името „Вирусот Вухан“. Овој вирус се пренесува со дишење, кивање и кашлање.

Првите симптоми на вирус „NCoV“ се висока температура, болки во грлото, кашлање, отежнато дишење и дијареа (пролив), додека во напредните фази се забележува заболување од пневмонија и бубрежна инсуфициенција.



Слични вести