На еден метеор откриена најстарата супстанција на Земјата

Малите и средни ѕвезди, кон крајот на своето постоење, се претвораат во црвени џиновски топки поради што пукаат надворешните слоеви

На еден метеор откриена најстарата супстанција на Земјата

Според резултатите од истражувањето кои беа објавени во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“, на метеорот Мурчисон кој на Земјата падна во 1969 година во Австралија, беа откриени минерали постари од 4,6 милијарди години, односно пред формирањето на формирањето на Сонцето и Сончевиот систем.

Американските и швајцарските експерти, од 40 парчиња кои ги анализираа, утврдија дека некои се постари од 5 до 7 милијарди години, поради што истите се сметаат за најстарите кои се познаваат на Земјата.

Лидерот на работната екипа и научник при Универзитетот во Чикаго, Филип Хек за минералните честички го употреби изразот „вистински примероци на ѕвездите, вистинска ѕвездена прашина“.

Малите и средни ѕвезди, кон крајот на своето постоење, се претвораат во црвени џиновски топки поради што пукаат надворешните слоеви. Астрономите истакнуваат дека облаците кои се шират се нарекуваат планетарна маглина.

Со текот на времето честичките односно супстанциите на планетарната маглина се ладат, се стврднуваат и се претвораат во прав/прашина и се формираат минерални честички. Некои од метеорите кои паѓаат на Земјата ги чуваат токму овие честички.



Слични вести