Телесната температура на човекот во последните 200 години опадна за 0,6 степени

Покрај физиолошките промени, голема улога имаат контактот со микроорганизмите и храната која се консумира, како и средината во  која живееме

Телесната температура на човекот во последните 200 години опадна за 0,6 степени

Опадна телесната температура на човекот во последните 200 години.

Истражувачите на Медицинскиот факултет при Универзитетот Станфорд направија проценка на телесната температура на луѓето што ја измерија на 677 423 лица.

Истражувачите ги анализираа резултатите од измерените телесни температури на ветераните од Граѓанската војна во Америка во периодот од 1862 до 1930, потоа учесниците во Анкетата на испитување на националното здравство и прехрана на Америка, како и возрасните болни кои дојдоа на преглед во периодот од 2007 до 2017 година на Центарот за здравствени услуги на универзитетот Станфорд.

Според резултатите кои беа добиени од вкрстената контрола на регистрираните податоци, телесната температура на машките деца родени во 21 век во споредба со оние кои се родиле во 19-от век опаднала за 0,6 степени, додека на женските деца родени во 1890-те години за 0,03 степени.

На чело на екипата која раководеше со истражувањето се наоѓаше професорката Џули Парсонент која со споредбата на старите податоци се обиде да ја открие причината поради опаѓањето на телесната температура на човекот.

Професорката Персонент во образложението за опаѓањето на телесната температура на луѓето рече дека покрај физиолошките промени, голема улога имаат контактот со микроорганизмите и храната која се консумира, како и средината во  која живееме.

Германскиот доктор Карл Рајнхолд Вундерлих рече дека по првото дефинирање на телесната температура во 1851 година дека треба да изнесува 37 степени, оваа температура беше прифатена како основен показател за тоа колку треба да изнесува телесната температура.

Резултатите од истражувањето беа објавени во „eLife“ списанието.



Слични вести