Повик до Малезија за заедничко производство на националниот борбен авион

Хурџет“ е многу добар авион. Тоа е лесен ловечко-бомбардерски и авион за обука

Повик до Малезија за заедничко производство на националниот борбен авион

Турција ја повика Малезија за заедничко производство на оригинални воздушни платформи кои ги развива.

Генералниот директор на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) Темел Котил во изјавата за Агенцијата Анадолија (АА) рече:

„Хеликоптерот за општа намена „Ѓокбеј“ (Gökbey) е производ којшто може да се користи скоро во сите географски простори. Хеликоптерот Ѓокбеј еден ден ќе полета за сите места во светот. Заедничкото производство на хеликоптерот му го предложивме на Казахстан, Пакистан, сега и на Малезија. Ова е последен модел на хеликоптерот произведен во оваа класа. Најпродаваните хеликоптери на светот исто така се во оваа класа. Бидејќи е последен модел, тоа е најнов и најистакнат хеликоптер.“

Котил меѓудругото додаде дека на Малезија и понудиле да учествува и во дека на Малезија и понудиле да учествува и во производството заедничкото производство на лесниот млазен офанзивен авион „Хурџет“.

„Хурџет“ е многу добар авион. Тоа е лесен ловечко-бомбардерски и авион за обука. Им го привлече вниманието. Очекуваме позитивен приод.“

Хеликоптерот за општа намена „Ѓокбеј“ е прв хеликоптер од домашно производство и прв хеликоптер на муслиманите.

И националниот борбен авион ќе биде првиот голем борбен авион на муслиманите. Атак-2 ќе биде првиот голем хеликоптер. И за тоа има потреба од соработка. Малезијците придаваат големо значење и ни дадоа многу кредити.

Турција оствари револуционерни потфати во воздухопловството и одбранбената индустрија, затоа и не е случајно што не почести малезискиот премиер не Мухамед Махатир“ подвлече Котил.



Слични вести