Спејс икс испрати 60 интернет сателити во орбитата

Во првата етапа на 4-от лет на Спејс икс повторно беа употребени ракетите од типот Фалкон 9 и оствари меко слетување на платформата „Of Course I Still Love You“ на компанијата во Атлантскиот Океан

Спејс икс испрати 60 интернет сателити во орбитата

Американскиот производител на ракети и вселенски летала Спејс икс истовремено испрати 60 интернет сателити во орбитата.

Според веста на веб порталот „space.com“, сателитите Старлинк кои синоќа со ракетата Фалкон 9 беа лансирани од Кејп Канаверал, се дизајнирани со цел да испраќаат интернет сигнали.

Во првата етапа на 4-от лет на Спејс икс повторно беа употребени ракетите од типот Фалкон 9 и оствари меко слетување на платформата „Of Course I Still Love You“ на компанијата во Атлантскиот Океан.

Со последното лансирање, вкупниот број на сателити на Спејс икс во орбитата достигна 180. На тој начин компанијата стана сопственик на најголема флота на сателити во вселената.

Првата флота на интернет сателити „Старлинк 44“ на компанијата Спејс икс од 60 сателити беше лансирана минатата година во мај.

Во рамките на програмата „Услуги за комерцијално снабдување“ компанијата со карго шатлот „Драгон“ пренесува резервни материјали.



Слични вести