Бројот на починатите поради епидемија на грип во Иран се зголеми 110 лица

Иранското министерство за здравство соопшти дека во последната една недела поради епидемија на грип починаа 4 лица и дека бројот на жртвите од септември досега во земјата се искачи на 110 лица

1331437
Бројот на починатите поради епидемија на грип во Иран се зголеми 110 лица

Бројот на починатите поради епидемија на грип во Иран се зголеми на 110 лица.

Претседателот на Одделот за инфекциски болести при Министерството за здравство на Иран Хусејин Ирфанијан, истакна дека поради епидемија на грип во земјата во последната една недела починаа 4 лица со што бројот на жртвите од септември досега се зголеми на 110 лица.

Ирфанијан во дадената изјав за Новинската агенција на иранските студенти (ИСНА), истакна дека во последната една недела 2.388 лица се обратиле во болниците со поплаки поради отежнато дишење.

Инаку, беше соопштено дека во последните неколку месеци во провинциите Ѓулистан, Мазендаран, Кехгулије-Бујер Ахмед, Кирман и Ахваз во Иран е утврден вирус Х1Н1 (свински грип).



Слични вести