Сателитот на НАСА ја оствари втората блиска обиколка на Венера

Сателитот Паркер на 29 јануари 2020 година ќе ја започне 4-та обиколка на Венера

1330723
Сателитот на НАСА ја оствари втората блиска обиколка на Венера

Сателитот за извидување на Сонцето „Паркер“ на Американската агенција за авијација воздухопловство и вселенски истражувања НАСА ја оствари втората блиска обиколка на Венера.

Според соопштението кое беше објавено од страна на НАСА, сателитот со цел да ја определи орбитата на извидување на Сонцето и да ја искористи гравитацијата на Венера, по вторпат помина во блиска обиколка на планетата.

Сателитот ја завршува третата обиколка по Сончевата орбита, поради што со цел да ја обезбеди потребната гравитациона поддршка за маневар за четвртата обиколка, околу Венера помина на растојание од 1870 милји (околу 3 илјади километри).

Сателитот „Паркер“ по седумгодишното извидничко летање ќе оствари 24 обиколки.

Во текот на целиот овој процес, сателитот 5 пати ќе ја искористи гравитацијата на Венера

Сателитот Паркер на 29 јануари 2020 година ќе ја започне 4-та обиколка на Венера.

На 12 август 2018 сателитот беше лансиран во вселената и до денес е првиот човечки производ кој најмногу се доближи до Сонцето.



Слични вести