Интерконтиненталната ракета „Авангард“ на Путин спремна за употреба

Ракетата со хиперзвучна боева глава може да достигне 20 пати поголема брзина од брзината на звукот

1330748
Интерконтиненталната ракета „Авангард“ на Путин спремна за употреба

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека интерконтиненталната хиперзвучна ракета „Авангард“ која беше вброена во инвентарот на војската е спремна за употреба.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана, министерот Шојгу го информирал претсдетаелот Владимир Путин дека е спремен хиперзвучниот ракетен систем Авангард.

Минатата годна во март претседателот Путин во говорот што го одржа на седницата на Сојузното собрание новите оружја меѓу кои ракетните системи Авангард и Сармат ги оцени како „непобедливи“.

Путин на годинашниот состанок на Министерството за одбрана рече дека ракетниот систем Авангард беше евидентиран во инвентарот на војската.

Според тврдењата, интеконтиненталната ракета Авангард не може да се фати од страна на одбранбените системи на непријателските земји и многу лесно може да ги уништи воздушно одбранбените системи.

Ракетата со хиперзвучна боева глава може да достигне 20 пати поголема брзина од брзината на звукот и покрај супериорната способност на маневар може да лета на височина од 9 км.



Слични вести