Фабриката за производство на првиот домашен автомобил на Турција ќе биде во градот Бурса

Првиот домашен автомобил на Турција ќе биде електричен и ќе се произведува во фабриката којашто ќе биде изградена во градот Бурса

1330438
Фабриката за производство на првиот домашен автомобил на Турција ќе биде во градот Бурса

Турција, денеска со свечена церемонија го претставува својот прв домашен автомобил.

Со претседателскиот указ потпишан од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган којшто е објавен и во денешниот број на Службениот весник на Република Турција, се познати речиси сите детали во врска со производството на првиот домашен автомобил на Турција.

Според тоа, првиот домашен автомобил на Турција ќе биде електричен, ќе се произведува во фабриката којашто ќе биде изградена во градот Бурса и на база на проектот ќе се доставува и државна помош.

Постројката за производство на домашниот автомобил ќе биде изградена како целосно нова инвестиција од страна на Акционерското друштво за индустрија и трговија на Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG), за што износот на вкупната инвестиција се предвидува да изнесува 22 милијарди турски лири (приближно 3,5 милијарди евра).

Во постројката односно фабриката за производство на првиот домашен автомобил на Турција која ќе биде изградена во градот Бурса ќе бидат вработени 4.323 лица од кои 300 лица ќе бидат квалификувани работници.

Од домашниот електричен автомобил ќе бидат произведени 5 модели и годишно ќе се произведуваат по 175 илјади возила.

 



Слични вести