Американските научници утврдија дека постот го продолжува животот и спречува низа болести

Постот поволно делува врз дијабетесот бидејќи ја зајакнува отпорноста на инсулинот

1330535
Американските научници утврдија дека постот го продолжува животот и спречува низа болести

Американските научници утврдија дека постот од 16 до 18 саати во текот на денот или постот во текот на неделата го продолжува животот и спречува низа болести.

Според резултатите од истражувањето кои беа објавени во статијата во медицинското списание „Њу ингланд“, дневната потрошувачка на храна од 6 до 8 часа, додека постот во преостанатите 16 до 18 часа  освен тоа што спречува низа болести, исто така го намалува крвниот притисок и го продолжува животот на луѓето.

Во статијата се потенцира дека постот може да се препорача како метод на лекување на обезноста, дијабетесот и срцевите заболувања, поради што постот се препорачува во два методи и тоа како „дневна ограничена потрошувачка“ и „два дена пост во неделата“.

Резултатите од истражувањето се засноваат на тестовите кои беа извршени врз луѓето и животните. Постот на одредени временски интервали го обновува метаболизмот и поволно влијае врз ќелиите.

Меѓу утврдените факти кои беа објавени во статијата се истакнува дека постот поволно делува врз дијабетесот бидејќи ја зајакнува отпорноста на инсулинот.



Слични вести