Остварено последното годинашно затемнување на Сонцето

Прстенестото затемнување на Сонцето можеше да се види од низа различни земји од Австралија до Обединетите Арапски Емирати, од Јужна Азија, преку Океанија до Блискиот Исток

1330146
Остварено последното годинашно затемнување на Сонцето
halkali gunes tutulmasi1.jpg

Првото Прстенесто затемнување на Сонцето (еклипса) по 6 години беше остварено во Кина, по 10 години во Индонезија, по 20 години во Пакистан и по 21 година во Малезија.

Прстенестото затемнување на Сонцето можеше да се види од низа различни земји од Австралија до Обединетите Арапски Емирати, од Јужна Азија, преку Океанија до Блискиот Исток.

Прстенестото затемнување на Сонцето е уникатен настан кога Месечината ќе се постави пред Сонцето на таков начин што од таа ѕвезда се гледа само тенок светлосен прстен. Овој настан се случува кога Месечината поминува меѓу Земјата и Сонцето, но премногу блиску до Земјата така што целосно не го затемнува сонцето.



Слични вести