Објавена уште една фотографија на првиот домашен автомобил на Турција

На официјалната сметка на Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG) наТвитер, денеска, на неколку часа пред претставувањето е споделена уште една фотографија со којашто се даваат детали за изгледот на новиот домашен автомобил

1330105
Објавена уште една фотографија на првиот домашен автомобил на Турција

Објавена уште една фотографија на првиот домашен автомобил на Турција којшто се очекува со голема заинтересираност.

Домашниот автомобил на Турција за прв пат ќе се појави на сцената утре.

Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG), секој ден во 14:30 часот по турско време ги споделува на својата сметка на социјалната мрежа Твитер новите детали на домашниот автомобил.

Најпрвин беа познати фаровите, потоа огледалата, а потоа предната решетка со фигури на лале.

Останаа уште само неколку часа за официјалното претставување на првиот домашен автомобил на Турција.

Првиот модел на домашниот автомобил чие претставување се очекува со големо воодушевување, ќе биде СУВ модел и 100 посто електричен автомобил.

Автомобилот којшто ќе биде претставен утре се има за цел да биде достапен на пазарот во 2022 година. До 2030 година се очекува да се изработат вкупно 5 модели и за секој модел да се дизајнираат 3 различни каросерии.

На официјалната сметка на Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG) на социјалната мрежа Твитер, денеска, на неколку часа пред претставувањето е споделена уште една фотографија со којашто се даваат детали за изгледот на новиот домашен автомобил.

На споделената анимација со поставениот хаштаг #DoğuştanElektrikli („Од раѓање електричен“) на Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG), се анимирани оската на домашниот автомобил во движење и делот со батеријата.

Претходно беа споделени фотографии на коишто можеа да се видат фигурите на лале на предната решетка, дизајнот на фаровите, предното стакло, таванскиот носач, А столбот и огледалата. 

 



Слични вести