Казахстан ќе поврати 116 км површина од космодромот Бајконур

Од космодромот кој се управува од страна на Федералната вселенска агенција на Русија (РОСКОСМОС) се лансираат вселенски летала и ракети

1329838
Казахстан ќе поврати 116 км површина од космодромот Бајконур

Казахстан ќе поврати 116 км површина од космодромот Бајконур кој беше изнајмен од Русија.

Според соопштението кое беше објавено од страна на претседателството на Казахстан, претседателот Касим Џомерт Токајев го ратификуваше законот со кој се одобрува стапувањето на сила на протоколот за промени во Договорот за изнајмување на космодромот Бајконур потпишан на 10 декември 1994 година меѓу Казахстан и Русија.

Заменик министерот за земјоделство на Казахстан Ајдарбек Сапаров рече дека 4 парцели кои ќе бидат извадени од договорот ќе се употребат за изградба на објекти од национално значење.

Сапаров рече дека враќањето на 116 км од закупената површина нема да влијае врз цената на изнајмување на космодромот.

Во 1994 година, беше потпишан Договор за изнајмување на објектите на космодромот Бајконур на период од 20 години. Во 2004 година Договорот беше продолжен до 2050 година.

Космодромот Бајконур се наоѓа во провинцијата Кизилорда (Црвена орда) и се простира на повшрина од 6 700 км2 и се состои од градот Бајконур и космодромот Бајконур.

Космодромот Бајконур е најголемите во светот и има лансирна рампа, контролни кули, контролни центри и полигон за тестирање на ракети в должина од 1500 км.

Од космодромот кој се управува од страна на Федералната вселенска агенција на Русија (РОСКОСМОС) се лансираат вселенски летала и ракети.



Слични вести