Уметничките и културни активности го продолжуваат животот

Луѓето ќе се насочат кон уметнички активности со цел да се им се подобри здравствената состојба

1326853
Уметничките и културни активности го продолжуваат животот

Според резултатите од едно истражување во В. Британија, уметничките и културни активности го продолжуваат животот.

Резултатите од истражувањето кои беа објавени во медицинското списание „British Medical Journal“ покажуваат дека редовната посета на музеите и уметничките галерии или пак одењето во театар или на концерт, ја намалува стапката на ризикот од прерана смрт за околу 31 отсто.

Во рамките на истражувањето кое беше извршено од страна на „University College London“ беа остварени интервјуа со 6 710 испитаници од над 50 годишна возраст.

Истражувачите истакнаа дека според резултатите од истражувањето, ризикот од прерана смрт кај лицата кои во 12 години еднаш или двапати учествувале на некоја уметника или културна активност, во споредба со оние коишто воопшто не учествувале се намалила на 14 отсто.

Во истражувањето се потенцира дека постои одредена корелација од аспект на продолжувањето на живото на возрасните луѓе кои се бават со одредена уметност и дека над 40 отсто од луѓето со ниски примања воопшто не учествувале на некоја културна манифестација.

Во истражувањето беше акцентирано дека луѓето ќе се насочат кон уметнички активности со цел да се им се подобри здравствената состојба.

Стивен Клифт од Универзитетот „Canterbury Christ Church“ рече особено осамените и лицата со депресија ќе имаат можност мнгу повќе да ги искористат поволните карактеристики на овие активности.



Слични вести