Министерот Варанк ја сподели фотографијата на прототипот на домашниот автомобил покриен со церада

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на социјалните медиуми ја сподели фотографијата на прототипот на домашниот автомобил покриен со церада за којшто се планира да биде претставен на 27 декември

1327076
Министерот Варанк ја сподели фотографијата на прототипот на домашниот автомобил покриен со церада

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на својот профил на социјалните медиуми приреди едно изненадување и ја сподели фотографијата на прототипот на домашниот автомобил покриен со церада за којшто се планира да биде претставен на 27 декември.

По изјавата којашто пристигна од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од чија страна беше соопштен датумот на претставување на прототипот на домашниот автомобил, и министерот Варанк ја сподели фотографијата на прототипот на домашниот автомобил покриен со церада.

Имено, претседателот Ердоган во дадената изјава за новинарите во Малезија истакна дека прототипот на автомобилот од домашно производство  ќе биде претставен на 27 декември во населеното место Гебзе.

Веднаш по оваа изјава, пристигна изненадување и од министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој пак, на својот профил на социјалните медиуми ја сподели фотографијата на прототипот на домашниот автомобил покриен со церада.

Министерот Варанк во оваа своја споделена објава со 2 фотографии ги постави и хаштазите „ТОГГ“ (#TOGG), „Долина на технологијата“ (#Bilişim Vadisi) и „Национален технолошки потег“ (#Milli Teknoloji Hamlesi).



Слични вести