Турција, летото идната година ќе ја лансира својата прва ракета во вселената

Генералниот директор на Делта В вселенски технологии формирана во склопот на Министерството за национална одбрана Ариф Карабејоглу истакна дека Турција летото идната година ќе ја лансира својата прва ракета во вселената

1324087
Турција, летото идната година ќе ја лансира својата прва ракета во вселената
deltay uzay Arif Karabeyoglu.jpg

Генералниот директор на Делта В вселенски технологии формирана во склопот на Министерството за национална одбрана Ариф Карабејоглу, даде изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ посветена на проектот за развивање на хибриден вселенски ракетен мотор (HURM).

Карабејоглу истакна дека Турција летото идната година ќе ја лансира својата прва ракета во вселената.

Велејќи дека е развиен мошне специјален ракетен мотор и дека овој ракетен мотор во споредба со сличните, ѝ е побезбеден, ѝ е со помали трошоци, Ариф Карабејоглу најави дека Турција летото идната година ќе ја лансира својата прва ракета во вселената.

„Ќе го реализираме првото лансирање на ракетата којашто ова лето ќе биде испратена во вселената.“ - рече Карабејоглу.

Ариф Карабејоглу подвлече дека проектот се води со цел Турција веќе да се стекне со право на збор по прашањето на ракетниот мотор.

„Основната карактеристика на нашата технологија е таа што е многу едноставна и ефтина. Освен тоа е и безбедна. Кога ќе се подреди сето тоа едно по едно, ќе биде поефтино во споредба со сличните во светот, ѝ средството за лансирање коешто ќе го произведете со еден ваков систем. Да се наоѓа една ваква технологија во рацете на Турција ќе обезбеди да оди во вселената.“ - рече Ариф Карабејоглу, генералниот директор на Делта В вселенски технологии при Министерството за национална одбрана на Турција. 



Слични вести