Во Иран за една недела од свински грип починаа 19 лица

Заменик-министерот за здравство на Иран Али Риза Реиси истакна дека во последната една недела се хоспитализирани 273 лица кај кои е утврден вирус Х1Н1 (свински грип) од кои 19 лица починаа

Во Иран за една недела  од свински грип починаа 19 лица

Во Иран во последната една недела поради вирусот Х1Н1 (свински грип) се хоспитализирани 273 лица од кои досега починаа 19 лица. 

Заменик-министерот за здравство на Иран Али Риза Реиси во дадената изјава за Новинската агенција на иранските студенти (ISNA) рече: "Од 273 лица кај кои во последната една недела е утврден вирус Х1Н1 (свински грип) и кои се хоспитализирани во различни болници, животот го загубија 19 лица."

Привлекувајќи внимание дека во споредба со минатата година оваа година е забележан раст во случаите на свински грип во земјата, Реиси рече дека вирусот за кој станува збор најмногу е забележан во провинциите Ѓулистан, Мазендеран, Ќехгулије-Бујер Ахмед, Кирман и Ахваз.



Слични вести