Полн погодок на ракетата Боздоган

Ракетата воздух-воздух „Боздоган“ од домашно производство успешно ги помина првите тестови

Полн погодок на ракетата Боздоган

Една од првите ракети воздух-воздух „Боздоган“ од домашно производство на Турција успешно го помина првите тестови.

Министерството за индустрија и технологија објави соопштение во врска со ракетата воздух-воздух Боздоган која се произведува од домашно производство.

Во соопштението беше истакнато дека постепено се намалува рокот на преминот кон сериско производство на ракетите воздух-воздух од домашно производство, за кои Турција плаќаше милиони долари. Ракетата ќе биде оспособена за монтажа на сите авиони и успешно го помина првиот тест  со наведување од лансирната рампа.

По успешното поминување на првите тестови, ракетата Боздоган ќе се монтира на националниот борбен авион и Ф-16.

Ракетата Боздоган има инфрацрвен детектор и во инвентарот на Турските вооружени сили се очекува да влезе во 2020 година.

Турција на тој начин ќе биде 9-та земја во светот која ќе произведува ракети воздух-воздух.



Слични вести