Кај пациентите од рак расте ризикот на заболување од кардиоваскуларни болести

Порастот на ризикот од кардиоваскуларни болести во првата година на болеста е нормална последица на хемотерапијата и зрачењето

Кај пациентите од рак расте ризикот на заболување од кардиоваскуларни болести

Научниците утврдија дека над 10 насто од пациентите од рак умреле поради кардиоваскуларни заболувања.

Според веста на британскиот јавен радиодифузен сервис БиБиСи, резултатите од истражувањето кои беа објавени во списанието „The European Heart Journal“ покажаа дека кај пациентите од рак расте ризикот на заболување од кардиоваскуларни болести.

Истражувачите од американскиот институт за рак Пен Стејт во рамките на мета анализата на податоците на 3 милиони 230 илјади заболени Американци од рак утврдија дека 38 отсто од пациентите умреле од рак и компликации поврзани за ракот, додека 11 отсто умреле поради заболување од кардиоваскуларни болести.

Порастот на ризикот од кардиоваскуларни болести во првата година на болеста е нормална последица на хемотерапијата и зрачењето што ги предизвикуваат на телото, истакнуваат истражувачите и додаваат дека ризикот продолжува и во подоцнежните години потенцирајќи дека пациентите кои боледуваат од рак во споредба со другите граѓани се под постојан и висок ризик.

Пациентите кои боледуваат од рак на бешиката, простата, цревата, материцата, дојката и гркланот се група која е најмногу отворена на ризиците од кардиоваскуларните заболувања, поради што во текот на процесот на лекување треба да се држат под постојан надзор особено од аспект на кардиоваскуларните заболувања, истакнуваат научниците.



Слични вести