Реализиран првиот лет на зајакнатиот турски национален хеликоптер Атак Фаз-2

Претседателот на Управата за одбранбена индустрија Исмаил Демир на Твитер напиша: „Верзијата на Атак Фаз-2, опремен со примател за ласерско предупредување и со други електронски борбени системи, успешно го реализира својот прв лет“

1305973
Реализиран првиот лет на зајакнатиот турски национален хеликоптер Атак Фаз-2

Денеска, во постројките на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) беше успешно реализиран првиот лет на турскиот национален офанзивен хеликоптер Атак Фаз-2.

Ваквиот развој беше соопштен од страна на Исмаил Демир, претседателот на Управата за одбранбена индустрија при претседателскиот кабинет, кој на својата сметка на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Верзијата на Атак Фаз-2, опремен со примател за ласерско предупредување и со други електронски борбени системи, успешно го реализира својот прв лет. Хеликоптерот Атак Фаз-2 чиј процент на домашно производство е уште повеќе зголемен, по деталните тестови коишто ќе бидат направени, имаме за цел да го предадеме кон средината на 2020 година.“

Инаку, во рамките на проектот Т129 Атак којшто се води од страна на Управата за одбранбена индустрија при претседателскиот кабинет, досега им се предадени на турските безбедносни сили 53 хеликоптери Атак произведени од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ).

Од конфигурацијата Атак Фаз-2 пак, во прва фаза ќе се реализира испораката на 21 хеликоптер.



Слични вести